Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12 степени, а дневната од 17 до 25 степени.
Во Скопско слично време, променливо облачно повремено со поголеми сончеви периоди и со услови за краткотрајна појава на дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно ќе засилува. Температурата од девет до 23 степени.
До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер.
Во петок во северните делови и вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува и ќе биде малку пoсвежо.
За време на викендот времето ќе биде претежно сончево, а дневните температури ќе бидат во пораст.