Променливо облачно и ветровито

57
20150617 Wednesday 1344 poroen dozd skopje letno nevreme leten dozd vremenska prognoza

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 1 до 9 Целзиусови степени , а максималните од 3 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде врнежливо со минимална температура од 6, а масималната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и постудено време со северен ветер и со услови за локален дожд. Врнежите на планините ќе бидат од снег, а на североистокот снег краткотрајно ќе има и на повисоките места. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе биде најизразен утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...