Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 30 степени.
Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во попладневните часови во планинските региони не е исклучена можноста за краткотраен дожд. В сабота кон крајот на денот и во недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.