Промените на Уставот ќе се туркаат без ВМРО – ДПМНЕ

803

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бојкотира оваа конечна фаза од измените на Уставот бидејки за нив целиот процес бил фарса и спротивен на ставот за немнување на уставното име на државата.

Според пратеникот Антонио Милошоски досегашнотот учество на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени било, како што рече, за да се разобличи целата ситуација. Според опозициската партија иако меѓународните претставници ги поддржуваат измените на Уставот,  тие не можат да се грижат за тоа дали ваквите измени се во интерес или на штета на националните интереси.

– Врз основа на одлука на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на заеднички заклучок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучивме да не учествуваме во понатамошните фази на процесот кој што е повеќе фарса, отколку право, а тоа е процесот за измени на Уставот – истакна Антонио Милошоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието на Република Македонија.

Тој обвини дека власта и самиот референдум го направи фарса и не ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои што направија референдумот да биде неуспешен и да нема одлука.

– Сами видовте дека дебатата за таканарачените амандмани се сведува на потпишување на амандманите кои што веќе однапред биле договорени од страна на министерот Никола Димитров и неговиот колега во Атина, а исто така уште поголема беше фарсата наречена јавна дебата во која што владините министри дебатираат со провладините експерти за тоа колку се во право за се – изјави Милошоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...