Поради градежни активности на автопатот А2 денеска на патниот правец Гостивар-Маврово ќе има променет режим на сообраќај, информираат од АМСМ.
„Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 18.06.2019 година ќе се започне со изведување градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Гостивар-Маврово, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај“, се наведува во соопштението од АМСМ.