Денеска ќе се одиграат 10 натпревари од 4 групи во квалификациите за ЕП 2020.
Со нив ќе заврши претпоследното деветто коло од борбата за пласман на завршницата на Европското првенство во фудбал, а списокот на учесници ќе биде дополнет со уште неколку екипи.
Репрезентацијата на македонија вечерва во виена од 20.45 часот играат против Австрија. Без многу првотимци кои недостасуваат поради повреди и картони, селекторот Игор Ангеловски со својот стручен штаб ги изработија последните подготовки пред денешниот натпревар.
Нашиот тим нема шанса за пласман на првите две места кои носат на европското, но се уште е во игра пласманот на третата позиција на табелата во групата „г“.