Зградата кај „Мајчин дом“ денеска продолжи да се гради откако утрово багери, кипери и камиони работат на ископот на парцелата. Инвеститорот претходно најави дека не се откажува од проектот, кој тврди дека ќе биде енергетско ефикасен и дека ќе изгради и нов парк во Аеродром.
Изградбата на зградата продолжи откако Уставниот суд се изјасни дека ДУП-от е законски а општината информираше дека нема повеќе правни механизми да ја спречи изградбата.
Граѓани на Аеродром веќе се собрани на протест против изградба на објектот. Тие освен што бараат кај „Мајчин дом“ да не се гради зграда, бараат и оставка од градоначалникот на Аеродром, Златко Марин.