Продолжен рокот за корекција на даночните пријави

Пријавите ќе можат да се коригираат и за време на викнедот, соопшти УЈП.

293

Управата за јавни приходи попладнево соопшти дека ќе им овозможи на граѓаните да ја потврдат или корегираат претпополнетата годишна даночна пријава и во текот на викендов.

„Ова од причина што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник) Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Пријавите коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани ќе бидат службено потврдени“, наведува УЈП во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...