Продолжен летниот трансфер прозорец во Премиер лигата

130
ФОТО: EPA / PAOLO MAGNI

Клубовите од Премиер лигата изгласаа да се вратат на правилата за претходниот летен трансфер прозорец и истиот повторно ќе се затвори кон крајот на август или почетокот на септември. Во последните две години, прозорецот се затвора порано и клубовите можат да извршат трансфери до еден ден пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Сепак, ова ги доведе екипите во неповолна положба во однос на другите клубови во Европа кои би можеле да купат играчи од Премиер лигата без локалните клубови потоа да можат да најдат нивни замени.

„Трансферот 2020 година ќе се затвори на 1 септември во 16:00 часот по локално време. Клубовите се согласија на овој датум откако долго разговараа на оваа тема“, објави Премиер Лигата.

Новиот извршен директор на првенството, Ричард Мастерс откри дека постои уште една причина за враќање на стариот трансфер прозорец.

– Една од причините е што имиграцискиот систем ќе се смени и ова може да биде последниот прозорец во кој слободата на движење сè уште ќе биде во функција, така што клубовите ќе можат да искористат подолг прозорец за да ја искористат целосно оваа можност – објасни Мастерс.

На денешната средба на клубовите од Премиер лигата и управата на првенството беше решено новата сезона да започне на 8 август.

ФОТО: EPA / PAOLO MAGNI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...