Продолжен е рокот за преиспитување на ДУП-те во општина Центар

156
20150818 Tuesday 1127 opstina centar

Советот на општина Центар со мнозинство гласови од советниците ја изгласа  одлуката за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план. Времетраењето на мораториумот е два месеци. Разгледувањето на овие ДУП-ови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео презентација.

„Она што е основна заложба на градоначалникот Саша Богданиќ и на општинското раководство е на жителите да им се овозможат услови за хумано живеење, надминување на урбаните бариери на лица со попреченост, услови за паркирање и безбедност на пешаците, заштита и унапредување на животната средина и ново и квалитетно осветлување“, соопшти општина Центар.

Од таму наведуваат дека планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки од советниците и од граѓаните ќе се земат предвид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...