Продадена Титовата резиденција во Њујорк за 12 милиони долари

1371

Државите сукцесори на поранешната СФРЈ потпишале во Њујорк договор за заедничка продажба на резиденцијата на поранешна СФРЈ на адресата 730 Парк Авенија за вкупно 12 милони американски долари.

Иако почетната цена изнесувала речиси 20 милиони долари, државите сукцесори  (Србија, Хрватска, Словенија, БиХ и Македонија) за да го забрзаат процесот се согласиле да ја продадат за осум милиони долари помалку.

– Станот е продаден за 12 милиони долари и тоа е реализирано во рамките на сукцесијата. Информацијата ја дадов минатата недела на Советот на министри – потврдил за „Кликс“ министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак.

Апартманот, кој има шест спални соби и четири бањи, беше користен од амбасадорите на СФРЈ во САД, а во него престојуваше и поранешниот југословенски претседател Јосип Броз – Тито за време на посетите на Њујорк.

Станот, кој од 1992 година стои празен, го купила некогашна СФРЈ во 1975 година за сума од 100.000 долари.

Од вкупно 12 милиони долари 3.3 милиони ќе бидат издвоени за оддржување. Најмногу добиле Србија, Хрватска и Словенија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...