Продавница во Германија затворена по пет дена, сѐ било распродадено

785
ФОТО: МИА

Торгсервис, првиот руски синџир продавници на западноевропскиот пазар, ја затворил својата продавница во Лајпциг после само пет дена и тоа затоа што се било распродадено.

Торгсервис минатата среда ја отвори својата прва продавница во источниот дел на Германија.

Нивниот главен адут се ниските цени – пониски и од оние во најголемите германски дисконти.

– Почитувани купувачи, поради многу голема побарувачка, нашата продавница е затворена на 4 и 5 февруари. Реагиравме многу брзо, но моравме да заклучиме дека и на нашите добавувачи им треба време да ги наполнат рафтовите. Со најниски цени за вас повторно ќе отвориме на 6 февруари од 9 часот – стои во пораката која ги дочеката купувачите на влезната врата на продавницата во Лајпциг.

Некои германски медиуми се сомневаат дека продавницата била затворена поради некои производи кои можеби не ги задоволуваат стандардите за квалитет на храната согласно строгите европски закони.

Од Торгсервис соопштија дека сите нивни производи ги задоволуваат стандардите на ЕУ и оти повеќето, освен од Германија, доаѓаат од Полска и Чешка.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...