Холивудската ѕвезда Леонардо Дикаприо, која има 44 години, од декември 2017 година е во врска со 22-годишната манекенка Камила Мороне. Нивната врска е често критикувана во јавноста поради фактот што актерот е двојно постар од својата партнерка.
Камила сега одлучила за првпат да проговори за нивната врска. Таа открила дека нив двајца ги запознал нејзиниот очув, славниот актер Ал Пачино, кога Камила имала само 10 години.
Кога објавила фотографија од Лорен Бекал и Хамфри Богарт, меѓу кои имало 25 години разлика, нејзините следбеници започнале да ѝ коментираат дека Леонардо го сака само нејзиното тело и дека нивната врска ќе заврши кога таа ќе наполни 25 години.
„Штотуку прочитав дел од коментарите на својот Инстаграм-профил и … Боже, луѓето се злобни и полни со лутина кон луѓето за кои ништо не знаат. Се надевам дека ќе научат да живеат со помалку омраза и да го насочат своето време и интереси кон нешто друго бидејќи животот без омраза е убав“, напишала манекенката.
Интересно е дека, според она што ѝ е познато на јавноста, Дикаприо никогаш не бил во врска со девојка постара од 25 години. Иако тој старее, неговите девојки секогаш се во нивните 20-ти години од животот.
FOTO: Instagram/Printskrin