Прогласен Тимот на годината на УЕФА, Реал со најмногу претставници

83
ФОТО: EPA/YOAN VALAT

Европската фудбалска централа УЕФА го објави Тимот на 2018 година, составен од најдобрите играчи во европски тимови за изминатите 12 месеци. Гласањето зависи целосно од навивачите, откако 168.543 лица го дале својот глас на сајтот на УЕФА.

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид е со најмногу претставници – 4-ца, без да се брои Роналдо, кој го напушти тимот во текот на летото. На овој начин мадриѓани го надминуваат крвниот непријател Барса по вкупен број фудбалери на оваа листа во историски план, откако веќе се број 1 во овој поглед со 48 играчи, а каталонците со 47.

Од поединечни земјите, најмногу фудбалери во ова издание има светскиот првак од Светското првенство 2018, Франција – три.

Еве го и Тимот на УЕФА за 2018

Голман

Марк-Андре тер Штеген (Барселона / Германија) – 30,4 отсто од гласовите

Дефанзивци

Серхио Рамос (Реал Мадрид / Шпанија) – 49,7 отсто од гласовите
Вирџил Ван Дајк (Ливерпул / Холандија) – 46,2 отсто од гласовите
Рафаел Варан (Реал Мадрид / Франција) – 44,9 отсто од гласовите
Марсело (Реал Мадрид / Бразил) – 61,1 отсто од гласовите

Среден ред

Лука Модриќ (Реал Мадрид / Хрватска) – 68,5 отсто од гласовите
Н`голо Канте (Челзи / Франција) – 53 отсто од гласовите
Еден Азар (Челзи / Белгија) – 57,9 отсто од гласовите

Напаѓачи

Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен / Франција) – 38,6 отсто од гласовите
Лионел Меси (Барселона / Аргентина) – 63,7 отсто од гласовите
Кристијано Роналдо (Јувентус / Португалија) – 64,3 отсто од гласовите.

Фото: EPA/YOAN VALAT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...