Италијанскиот премиер Џузепе Конте прогласи денеска вонредна состојба во регионот околу Џенова, поради уривањето на надвозникот на автопатот А-10 и загинувањето на 39 лица.
Италијанскиот премиер на прес-конференција во Џенова рече дека таа одлука ја донел на барање на регионалните власти.
Конте наведе дека операторот на автопатот, компанијата Автострада, е одговорна за безбедност на надвозникот и дека владата нема да го чека исходот од актуелната истрага за трагедијата за да преземе акција.
Надвозникот, за време на силното невреме, се урна вчера при што десетици возила пропаднаа низ пукнатините, 50 метри под нивото на патот.
Според најновите податоци, загинаа 39 луѓе, а спасувачите продолжуваат со потрагата за преживеаните под урнатини