Од 1 до 15 декември ќе почне на сметките на граѓаните ќе легнат парите од повратот на ДДВ од мерката МојДДВ. Повратот на дел од данокот ќе се реализира како што предвидува и Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица на нивните трансакциски сметки.
Од Управата за јавни приходи велат дека граѓаните кои ја користат апликацијата МојДДВ, треба навреме да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не ја внеле да го направат тоа навремено за да може да се реализира повратот на ДДВ.
– Корисниците на апликацијата Мој ДДВ треба да внесат лична трансакциска сметка, во спротивно нема да може да се изврши враќање на данокот – велат од УЈП.