Во СВР Скопје вчера во 17 часот било пријавено дека пред училиште на бул.„Трета македонска бригада“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои имало малолетници.
Притоа, У.Д.(18) од Скопје се здобил со убодна рана, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот