Во организација на Партијата за Движење на Турците (ТХП) денеска во Скопје се одржува Балкански Турски форум, на кој учествуваат повеќе еминентни политичари, академици, научници и преставници на невладиниот сектор од балканската географија и Турција.
Главните цели на настанот, посветен на образованието и културата на турски јазик на Балканскиот Полуостров, се запознавање со образовните и културните проблеми на турската заедница низ целиот Балкан, но исто така и зголемување на соработката на балканските земји во сите сфери.
На отворањето на Балканскиот Турски Форум покрај претседателот на Партијата за Движење на Турците Енес Ибрахим, се обрати и потпретседателот на владата Оливер Спасовски.