Актерката Бела Торн во неделата ги запознала своите обожаватели на Инстаграм со својата нова девојка.
Поранешната ѕвезда од серијата на Дизни „Shake It Up“ на фотографијата носи само шорцеви, додека нејзината девојка е облечена во црни фармерки и патики.
Она што ги предизвика коментарите беше фактот дека двете девојки се топлес. 21-годишната актерка напишала за мистериозната дама: „Таа е многу слатка. Прва девојка што се срами од камера“.
Иако проблематичната Бела ја споделила со своите обожаватели својата нова романса, нејзиното момче нема проблем со тоа. Италијанскиот пејач Бенџамин Масколо коментирал под фотографијата дека двете девојки се слатки. Бидејќи актерката е веќе позната по нетрадиционалните врски со повеќе личности, многумина шпекулираат дека и овојпат е во врска со Бенџамин и со девојката од фотографијата.
Проблематичната актерка за себе вели дека е пансексуалка, а неодамна го режираше и својот дебитантски филм „Нејзе и него“, кој беше објавен на Порнхаб, за што ја освои и нивната режисерска награда.
FOTO: Instagram/Printskrin