Пробајте како цвеклото може најефикасно да ви го намали крвниот притисок

Научниците кои со години го испитувале влијанието на цвеклото на крвниот притисок, предупредуваат на една потенцијална нуспојава од консумирањето на цвекло.

994

Една чаша сок од цвекло дневно може да го намали крвниот притисок, тврдат британските научници. Според резултатите од истражувањето, нитратите од цвеклото ги шират крвните садови, што овозможува проток на крвта.

Сепак, научниците кои со години го испитувале влијанието на цвеклото на крвниот притисок, предупредуваат на една потенцијална нуспојава од консумирањето на цвекло – боење на урината во розево.

– Се надеваме дека зголемувањето на внесот на зеленчук кој изобилува со нитрати, како цвекло или зелен лиснат зеленчук, ќе го подобри кардиоваскуларното здравје – изјавила Армрита Ахлуалиа, водач на истражувањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...