При претрес во Гостивар пронајдено оружје и украдени мобилни

138

Врз основа на судска наредба, полициски службеници вчера попладне извршиле претрес во работилница на улица „18 Ноември“ во Гостивар, сопственост на М.Г.(68). Притоа, во работилницата бил затекнат Р.К.(30) од Република Албанија, кој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за извршени повеќе кривични дела,  кражба и поседување огнено оружје и други.

При претресот биле пронајдени една автоматска пушка без рамка, една рамка за автоматска пушка со 24 куршуми калибар  7.62 мм, една рамка за пиштол со четири куршуми, еден пиштол без рамка, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“ и тоа: девет мобилни телефони, две дигитални камери, осум рачни часовници, бижутерија и други предмети.

Сите пронајдени предмети биле одземени и дадени на вештачење. Р.К. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Исто така, поради сомнение дека заедно со Р.К. ги извршувал кражбите, во Полициската станица Гостивар бил приведен И.А.(26) од Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...