Пријавете се за „Скопје на точак“, караванот е на 3 ноември

96

Од денеска сите заинтересирани може да се пријават за учество за велосипедскиот караван „Скопје на точак“.

Илјадници велосипеди биле дел од Скопје во 1960-те години. Според некои податоци секој втор граѓанин имал точак. Овој факт покажува дека вело културата е значаен дел од нашето општество и затоа под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје в недела на 3 ноември со почеток во 11:00 часот ќе се одржи велосипедскиот караван „Скопје на точак“, велат организаторите.

Минатата година, на првото издание од овој настан 1.300 лица се пријавија и излегоа на улиците со порака дека користењето на велосипед е добро за здравјето и за заштитата на околината.

Бесплатната регистрација и дополнителните информации може да се најдат на: www.skopjenatocak.mk. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од полицијата и организаторот.

Патеката на движење е: Старт- Булевар Илинден кај фонтаната Лотос, правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица „Љубљанска“ и се вози право по ул. „Московска“ до Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Кај домот се врти лево, по улица „М. Т. Гологанов“ и се вози право до Католичка црква, се продолжува по „М. Т. Гологанов“, право по улица „Димитрие Чуповски“, право по бул.„11 Октомври“ до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул.„ Кочо Рацин“ и се вози право преку мостот по бул. „Крсте Петков Мисирков“. На семафорите кај Т.Ц. Мавровка се врти лево и се вози право по Бул.„Гоце Делчев“, преку мостот „Гоце Делчев“, се приклучува на бул. „Илинден“ и се завршува на стартот, кај Фонтаната „Лотос“ во Градски парк.

Од 11:00-12:00 е поделба на стартни броеви –  лепенки за велосипед, од 12 стартува караванот, завршува во 12:30, од 12:35 до 13:00 е лотаријата, а од 13:00 до 13:30 има велосипедски дружења.

На лотаријата ќе се доделат неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови. Настанот на Фејсбук може да се најде на: https://www.facebook.com/events/2188325714799268/.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...