Пријавете се за Детскиот ЗОО маратон

123

По повод, 9-ти Мај, Денот на Европа во скопската Зоолошка првпат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон.

Во ботаничката градина  ќе се одржат четири трки- две на 150 метри (машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри  (машка и женска категорија, 5-6 години). За сите дечиња се обезбедни подароци, а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.

Пријајвувањето почнува денес и трае до 5 мај. Податоците за учесникот- име и презиме и датум на раѓање се испраќаат на мејлот: zoolskaskopje@gmail.com.

Бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.

Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија,  како и Град Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...