Пријавил дека ќе постави бомба на Карневалот во Струмица

753

На Струмичкиот карневал синоќа имало вонредно обезбедување од од 18 до 23 часот, информира МВР.

Околу 18 часот во дежурната служба во СВР-Струмица, 32-годишниот Т.У. од Кочани пријавил дека ќе биде поставена експлозивна направа во трговскиот центар во Струмица, кој е проштадот каде се одржуваше манифестацијата.

По пријавата било постапено од Одделот за антитероризам и по преземените мерки констатирано било дека се работи за лажна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...