Претседателот на францускиот фудбалски шампион ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи објави раст на клупските приходи.
– Никогаш не сме имале сомнежи за способноста на ПСЖ да генерира приходи и да бараме влијателни спонзори. Отсекогаш постапувавме транспарентно. Ние одговоривме на сите прашања во врска со финансиската фер игра.
Благодарение на нашата работа, приходите на ПСЖ пораснаа од 80 на 542 милиони евра преку продажба на билети, малопродажба и спонзорство. Компаниите од различни земји се наши спонзори или сакаат да бидат нив, бидејќи проектот е многу привлечен за нив, тоа е единствено во фудбалскиот свет, изјави Ал-Хелафи за „Марка“.
Катарскиот бизнисмен се стекна со мнозински пакет акции во ПСЖ во 2011 година