Прифатена кандидатурата министерката Дескоска да биде член на Венецијанската комисија

169

Министерката за правда Рената Дескоска преку Фејсбук објави дека Венецијанската комисија ја прифатила нејзината номинација за член на ова тело.

– Тоа е потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата, напиша Дескоска.

Дескоска е прва членка на Венецијанската од Македонија од позиција министер за правда. За членови на Комисијата досега се предлагаа експерти од правната област. Пред Дескоска, член на венецијанската комисија беше професорката од Правниот факултет Тања Каракамишева.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...