Вишиот суд во Белград одреди 30 дена притвор на четворица осомничени меѓу кои и на Шефшет Демировски, сопственик на АТС Груп во Скопје.
Тој и уште тројца српски државјани се осомничени за купопродажба на документација која се води како воена тајна, а се однесува на машини за правење на куршуми за снајпер.
Притворот им е одреден поради опасност од бегство и влијание на сведоци, пренесува српски Курир.
Српската Безбедносно информативна агенција(БИА), завчера го уапси македонскиот државјанин Шефшет Демировски во хотел во Белград за време на примопредавање на украдена документација од српската фабрика за наменско производтсво „Први Партизан“ од Ужице.
Како што објави српската полиција, македонскиот државјанин е обвинет за поткуп од најмалку 30.000 евра за добивање на воено-техничка документација за машина за производство на муниција и оружје, која ја изнеле од фабриката тројца нејзини вработени, од кои еден пензиониран инженер.