Притвор за 54-годишниот наставник кој бакнувал ученичка во гостиварско

На 29 јануари во периодот од 15.30 до 15.45 часот во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал - информира МВР.

241
Фото: МВР

Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи, до Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе кривична пријава против 54-годишниот Х.Р, наставник во основно училиште во гостиварско.

– На 29 јануари во периодот од 15.30 до 15.45 часот во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал, информира МВР.

Пријавениот Х.Р. е лишен од слобода, по што бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...