Притвор за скопјанецот кој криел марихуана во дворот на сосетката

200

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 27-годишен скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„Обвинетиот 27-годишник неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.521,2 грама. Дрогата била спакувана во три полиетиленски пакувања завиткани со транспарентна фолија, а обвинетиот ги чувал скриени во дворот на негова сосетка во Ѓорче Петров. Извршувајќи работи во дворот, сосетката ја пронашла дрогата и една дигитална вага со остатоци од марихуана“, наведено е во соопштението.

Јавниот обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, со оглед на тоа што се работи за лице претходно веќе осудувано за истото дело, што го оправдува стравот дека тој би можел да го повтори делото или да побегне доколку биде пуштен да се брани од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...