Притвор за Морина од УЧК, ќе чека екстрадиција во Србија

294

Кривичниот суд во Скопје му одреди 30 дена притвор на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (УЧК), Томор Морина, кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд, пишува Лајм.

Ова го потврдува и неговиот адвокат, Насер Рауфи, за весникот Лајм.

– Судот ги игнорираше нашите аргументи и му одреди 30 дена затвор за екстрадиција. Томор сега веќе е испратен во затворот Шутка. Во рок од 24 часа ќе се жалиме на одлуката на судот, бидејќи тоа е неправедно – изјави Рауфи за Лајм.

Во меѓувреме, од косовската амбасада во Скопје велат дека го следат случајот и се надеваат дека Томор Морина ќе биде ослободен, слично како што порано се ослободувани поранешни припадници на УЧК уапсени во Македонија врз основа на српските потерници за апсење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...