Притвор за косовски државјанин, се обидел да внесе кокаин во „Идризово“

279
Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд Скопје на косовски државјанин осомничен за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Осомничениот вчера во просториите на затворот „Идизово” во Скопје при редовна посета на осудено лице неовластено заради пренесување држел 89,96 грама кокаин.

 

– При влезот во установата осомничениот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин, соопшти Јавното обвинителство.

Мерката притвор од 30 дена му е одредена на предлог на надлежен јавен обвинител поради опасност осомничениот да избега, да влијае врз сведоците и да го повтори кривичното дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...