Кумановското обвинителство отвори истрага против две лица за кривичното дело убиство, по престрелката во Диво Насеље во која беше убиено едно лица. За нив е одреден и притвор. Други седум учесници во судирот меѓу двете семејства, се гонат за насилство.
Престрелката која се случи на 31 октомври беше последица на нарушени меѓучовечки односи меѓу две семејства. По употреба на огнено и ладно оружје, едно лице го загуби животот, а друго се здоби со убодни рани од нож. Во престрелката учествуваа девет лица, но се преземаат дејствија за утврдување на евентуално учество и на други, засега непознати лица.
Истражната постапка, наведуваат од обвинителството, продолжува со прибирање на материјални и вербални докази за целосно расчистување на кривично правниот настан.