Притвор за велешанец осомничен за криумчарење мигранти

57

РЦ за ГР „Исток“ поднесе кривична пријава против 39-годишиот З.Б. од Велес, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ за што од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор.

Како што денеска соопштија од МВР, на 26 февруари 2020 полициски службеници при вршење на мотопатролна служба на магистралниот пат Штип-Радовиш забележале патничко товарно возило и на даден знак возилото да запре со движењето, возачот продолжил да се движи кон Штип.

„Потоа кога пристигнало во близина на село Лакавица застанало, а по извршен преглед во товарниот простор биле пронајдени 40 мигранти, од кои 36 од Авганистан и четворица од Пакистан“, се појаснува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...