Притворен Чех, се бара жител на Грчец за производство на синтетички дроги

Со вештачењето е утврдено дека станува збор за метамфетамин, бензил метил кетон и псеудоефедрин и други прирачни средства за производство на синтетичка дрога.

714

Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе до Основното јавно обвинителство кривична пријава против Б.М. (36) од селоГрчец, скопско и О.К. (58) од Чешка за сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– На 3 април годинава со судска наредба, полициски службеници ја претресле куќата на Б.М. од Грчец, кој не бил дома. При претресот биле пронајдени повеќе видови на хемиски супстанци кои биле чувани во шишиња, туби и канистри, подигнати и дадени на вештачење. Со вештачењето е утврдено дека станува збор за метамфетамин, бензил метил кетон и псеудоефедрин и други прирачни средства за производство на синтетичка дрога. Метамфетаминот е психотропна супстанца, додека бензил метил кетон и псеудоефедрин преставуваат прекурсори за добивање на психотропни супстанции од амфетамински тип на стимуланси – соопшти МВР.

Овие хемиски супстанци се користат и за производство на една од најопасните и најштетните синтетички дроги во светот, за која има повеќе имиња – кристал мет, перник или первентин. Оваа синтетичка дрога за првпат се среќава во Македонија, а најмногу се произведува во Чешка. Со нејзино користење се уништвува нервниот систем и мозокот и по само две години користење може да предизвика смрт.

Во март годинава Б.М. и О.К. неовластено набавиле материјал и супстанци за произведство на синтетичка дрога, психотропни супстанци и прекурсори, по што во домот на Б.М. ја инсталирале опремата и заеднички почнале процес на производство на синтетички дроги.

О.К. бил пронајден и приведен, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека пак по Б.М. се уште се трага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...