Притворени сопругата и двата сина на убиен жител на велешко Долно Каласлари

Како што информира МВР, на 19 јануари годинава М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото.

893

Полицијата во Велес вчера ги приведе И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од велешкото село Долно Караслари поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на нивниот татко и сопруг З.Т. (58), а судија на пртходна постапка им одреди притвор.

Како што информира МВР, на 19 јануари годинава М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото. По извршената обдукција  утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето.

„Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...