Министерството за здравство информираше дека резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на коронавирусот.
Како што велат оттаму, ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на коронавирус.
Како што претходно истакна министерот Венко Филипче, станувало збор за лице кое со знаци на грип пристигнало од Рим во земјава.