Присилна концесија на дивечот во неколку ловишта

296

Владата на Република Северна Македонија денеска на седница ја усвои Информацијата за присилна концесија на дивечот во ловиштата „Сараево“, „Ратевска Река“, „Палазлија“, „Џами Тепе“  и „Чифлик“, во ловен реон Берово, „Кадина Река“ во ловен реон Скопје, „Душегубица“ во ловен реон Кичево, „Копришница“ во ловен реон Неготино и „Рожден“ во ловен реон Кавадарци на присилна концесија на Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост „Национални шуми„ – Скопје.

Со ова времено концесионирање на овие ловишта кои беа без концесионер, ќе се обезбеди поголема ефикасност на претходната одлука на Владата за преземање мерки за намалување на густината на популацијата на дивата свиња во ловиштата во Република Северна Македонија како превентивна мерка од појава и ширење на болеста Африканска чума кај свињите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...