Приоритети:
– Реформи на изборниот модел: една изборна единица, отворени листи, 80 пратеници, кастрење на платите и привилегиите на пратениците, просечна плата на пратеник 30.000, службен стан во Скопје наместо патни трошоци. Министрите да немаат службени автомобили со шофери 24/7 туку да требоваат од заедничката служба кога имаат реална потреба. Во меѓувреме имаат приватни коли и јавен превоз на располагање.
– Кастрење на администрацијата на пола во рок од една година, колку и да е непопуларно како мерка. Принцип на евалуација, систематизација и позитивна селекција.
– Изградба на автопат и железница кон сите соседи во рок од година-две како топ приоритет. Воведување на вињети наместо патарини.
– Принцип на полугодишна отчетност за сработеното за сите именувани фунционери и директори.
– Итно консолидирање на здравствениот систем со увоз на докажани експерти и менаџери од западните земји. Земање кредити за консолидирање на здравството и имплементација на хуман и одржлив модел.
– Итно консолидирање на образовниот систем, зголемување на платите на наставниот кадар, евалуација и селекција на кадарот, исфрлање на Кембриџ програмата, увоз на докажани екперти од Финска и Данска кои ќе имплементираат докажан и успешен модел на образование.
– Воведување на земјоделски субвенции врзани за реализирано производство, а не на жими мајка.
– Комплетно распуштање на правосудството и негово повторно создавање од нула. Таму оправање не е можно.
– Комплетно распуштање на службите во МВР поврзани со мешетарење и квазиразузнавање или т.н. удбашки структури и градење на овие системи од нула.
– Итна изградба на мега затворска установа по европски стандарди и пакување на 5-10.000 прекалени криминалци, наши сограѓани, дел од политиката, дел од бизнис милјето за да му дадеме шанса на нормалниот и прогресивен свет кој е во целосна илегала да направи нешто корисно со оваа држава.
Сето ова не е тешко како што на прва изгледа. Тој е патот за прогрес и нормалност. Тој е патот за благосостојба и сопирање на трендот на иселување на младите и прогресивните. Проблемот е што се нема волја. Тие што треба да го спроведат ова ќе треба самите да се развластат или поапсат, што е рамно на утопија.
И затоа драги мои до даљнег ова ќе остане дупка. И бројчаникот на Триумфалната никогаш нема да проработи.
(ФБ статус на авторот)