Принц Вилијам: Ако моите деца се хомосексуалци, тоа е сосема во ред

Вилијам го прашале што би направил ако едно од неговите деца се изјасни дека е хомосексуалец и како би реагирал.

1700

Принцот Вилијам (37) и сопругата Кејт Мидлтон (37) познавачите на кралското семејство често ги истакнуваат како пример на родители кои добро ги одгледуваат децата.

Вилијам го прашале што би направил ако едно од неговите деца се изјасни дека е хомосексуалец и како би реагирал.

– Мислам дека луѓето не мислат за тоа сè додека не станат родители. Мислам дека… Тоа е сосема во ред – рекол и продолжил:

„Единствено околу што би бил загрижен, особено поради улогата која моите деца ја имаат, е како на тоа ќе се гледа и како ќе се интерпретира.“

Принцот изјавил дека сопругата и тој често разговараат со децата за тоа, за да им пренесат што повеќе информации на таа тема.

– Комуникацијата е многу важна во сè, за да можете нешто да разберете мора многу да разговарате. Мора да знаете и како да се поддржувате едни со други и да поминете низ тој процес – објаснил принцот. За крај, уште еднаш тој истакнал дека не е загрижен дека неговото дете може да се изјасни како геј, туку тоа што целиот притисок би бил токму на нив.

Вилијам и Кејт се венчаа во април 2011 година и имаат три деца: принцот Џорџ (5), принцезата Шарлот (4) и принцот Луис (1).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...