Принцот Хари се потсетил дека бременоста ја чувале во тајност па се расплакал ВИДЕО

Да се биде тука како родител, да се разговара со сите вас, ми се стега срцето...

211

По кралската турнеја по Африка, војводата и војвотката од Сасекс го имале првиот заеднички настап на годинашната церемонија WellChild во Лондон.

WellChild е добротворна организација која им овозможува на тешко заболените деца го поминуваат што повеќе време дома, наместо во болница, а еднаш годишно обележуваат свој ден и тоа се претвора во емотивен настан кој собира многу семејства на едно место.

Принцот Хари е заштитно лице на WellChild од 2007 година, а на овогодинашната церемонија првпат присуствувал како татко на петмесечниот син Арчи.

– Да се биде тука како родител, да се разговара со сите вас, ми се стега срцето на начин на кој тоа никогаш не би можел да го разберам сè додека не добив свое дете – рекол принцот Хари.

Хари зборувал за тоа дека Меган и тој лани тајно го чекале своето прво дете. Меган била на почетокот на бременоста, па решиле бременоста да ја задржат само за себе сè додека не видат дека сè е во ред со детето.

Потсетувајќи се, Хари го обземале емоции, речиси се расплакал и го прекинал на момент говорот.

„Минатата година кога јас и сопругата присуствувавме на овој настан, знаевме дека го очекуваме нашето прво дете, никој друг освен нас не знаеше. Се сеќавам дека толку силно ја стегав раката на Меган бидејќи и двајцата размислувавме дека би било убаво еден ден да станеме родители и дека би направиле толку многу за да го заштитиме и да му помогнеме на секое дете ако тоа се роди со потешкотии или со тек на време се разболи“, признал Хари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...