Принцот Хари, кој е во официјална посета на јужна Африка, денеска во Ангола и оддаде почит на неговата мајка Дајана, шетајќи низ минско поле низ кое и таа помина во 1997 година.
Тој носеше панцир додека шеташе низ поранешната артилериска база во близина на градот Дирико, со цел да ја нагласи опасноста што ја предизвикуваат минските полиња. Местото и денес е означено со предупредувачки симболи и делумно е разминирано.
– Мините се отворена воена рана. Со расчистување на мините, можеме да и помогнеме на оваа заедница да најде мир – рече принцот.
Неговата макја принцезата Дијана го привлече вниманието на целиот свет кога во 1997 година храбро се прошета низ активно минско поле во оваа африканска држава, во која тогаш траеше граѓанската војна.
Неколку месеци по нејзината посета на Ангола, британската принцеза загина во сообраќајна несреќа во Париз. Во тоа време Хари имаше 12 години.