Британскиот принц Хари и неговото семејство новогодишните празници ќе ги поминат во Канада, соопштија од кабинетот на принцот.
Оттаму додаваат дека малиот принц како и неговите родители нема да присуствуваат на традиционалната божиќна прослава кај кралицата Елизабета Втора, на имотот во Сандрингем.
Претставници на палатата потврдиле дека семејството на принцот Хари е во Канада. Војвотката од Сасекс неколку години живееше во Канада, пред да се омажи за принцот Хари, додека ја снимала серијата „Две лица на правдата“.
Канадскиот премиер, Џастин Трудо на Твитер им посака добредојде, со мирен и благословен престој во Канада.