Легендарниот рокер Џон Бон Џови ги здружи силите со принцот Хари и ја сними песната „Unbroken“ за настанот The Invictus Games.
Invictus Games е меѓународен настан со повеќе различни спортови во кои учествуваат ранети и болни лица од вооружените сили и ветерани. Принцот Хари ги основаше Invictus Games, а сега му пружи дополнителна поддршка здружувајќи ги силите со 57-годишната рок-легенда Џон Бон Џови. Тие двајца го снимиле сингло во придружба на хорот на Invictus Games.
Се работи за обработка на песната која Бон Џови ја сними за филмот „To Be of Service“.
Всушност, принцот Хари не пее вистински, тоа им го препушти на професионалците. Песната „Unbroken“ е снимена во студиото во кое „Битлси“ снимија 11 од своите 13 албуми.
Целиот приход од настанот ќе биде дониран во хуманитарни цели, односно за The Invictus Games.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.