Принцот Едвард пристигна во официјална посета на Македонија

570

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска попладнево на Скопскиот аеродром го пречека принцот Едвард, грофот од Сасекс.

По тој повод, Шекеринска на Твитер напиша „уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу двете земји“.

Неговото височество принцот Едвард утре ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.

Ова е втора посета на принцот Едвард на Македонија. Тој во 2006 година ги отвори новите простории на британската Амбасада

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...