Принцот Вилијам (37) и војвотката Кејт Мидлтон (38) во моментов се на службено патување во соседна Ирска, а одговорностите на кралското семејство превидуваат многу дружење и патувања, па е логично и тие да размислуваат за темата коронавирус.
Во Даблин принцот се дружел и со медицинскиот персонал како и со болничарите, а во еден момент одлучил да се пошегува со целата ситуација.
– Веројатно сите кои ви се обраќаат мислат дека токму тие го имаат коронавирусот и дека умираат, а вие се обидувате да ги смирите и да им објасните дека имаат само кашлица – запрашал Вилијам еден од лекарите.
– Сите се малку предраматични за вирусот. Патем, војводата и војвотката од Кембриџ веројатно го шират коронавирусот. Извинете. Јас и Кејт ќе бидеме внимателни – им рекол Вилијам на Ирците, а неговата шега не поминала добро кај сите.
Тој бил нападнат од многумина во коментарите и на социјалните мрежи дека покажал целосно непочитување кон сите жртви на коронавирусот.
Вилијам и Кејт продолжуваат да ги извршуваат сите службени должности, а со тоа што британските медиуми забележале само една промена во протоколот за кралското семејство – кралицата Елизабета Втора неодамна го додели Медалот на честа со тоа што носеше ракавици. Војводата и војвотката од Кембриџ дури и не ја следат препораката да го избегнат ракувањето.