Принцот Вилијам добил ултиматум: Или да се ожени со Кејт или…

Со оглед на тоа дека морал да оди во војска, со Кејт не можел да живее сè додека не стапат во брак.

4565

Принцот Вилијам (37) е во брак со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (37) од 2011 година. Имаат три деца, синовитe Џорџ (6) и Луис (1) и ќерката Шарлот (4).

Додека се окупирани со обврските и протоколите кои мора да ги почитуваат како членови на британското кралско семејство, двојката делува среќно. Сепак, тоа не било случај кога пред неколку години принцот добил ултиматум – повеќемесечна пауза во врската затоа што мора да оди во војска или да се ожени со Кејт.

– Како на офицер му беше одбиено барањето да живее со девојката. Тој знаеше дека на двајцата би ум било полесно да се венчаат, но дури ниту блиските пријатели на принцот не знаеја што тој ќе одлучи – рекол тогашниот член на персоналот на кралската палата.

Со оглед на тоа дека морал да оди во војска, со Кејт не можел да живее сè додека не стапат во брак, па така таа не можела да патува со него додека служел во воената база Бивингтон во Дорсет, бидејќи со војниците можат да живеат само нивните сопруги.

Двојката не раскина, ги издржа сите искушенија, принцот беше во англиската војска седум години и во 2013 година, две години по свадбата, објави дека ја напушта армијата и дека се посветува на семејните обврски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...