И покрај тоа што е родена како принцеза во британскиот дворец, малата принцеза Шарлот не може да добие сè што ќе посака.
Британските медиуми ги објавија желбите на кралските деца за Божик, а малата принцеза Шарлот наводно сакала пони.
Сепак, нејзините родители нема да го купат тоа затоа што мислат дека е премногу мала за јавање. Прабабата на Шарлот, кралицата Елизабета Втора, го добила своето прво пони на четиригодишна возраст, но не ѝ било дозволено да јава сè додека не наполнила шест години. Кралицата денес има 93 години и сè уште е активен јавач.
Принцот Џорџ имал поскромна желба, па годинава од Дедо Мраз побарал пинг понг и тениски рекет.