Принцезата Дијана не мислела дека Вилијам е најдобро решение за крал! Еве кого сакала да види на тронот ВИДЕО

Еден од познавачите на состојбите во кралското семејство тврди дека Хари е подобро решение за крал од Вилијам.

1964

Принцот Хари растел во сенка на својот постар брат додека принцот Вилијам пораснал како иден крал на Британија.

Додека младиот Вилијам добивал повластен третман од некои членови на кралското семејство, неговата мајка, принцезата Дијана го барала истото и за својот помлад син.

Еден од познавачите на состојбите во кралското семејство тврди дека Хари е подобро решение за крал од Вилијам.

Кралското семејство го мачат гласините за конфликтот помеѓу браќата откако принцот Хари се ожени со Меган Маркл.
Додека Хари порано бил многу близок со неговиот голем брат, принцот Вилијам, нивното пријателство се чини дека се изладило во последната година.

Пред својата смрт, принцезата Дијана рекла дека ги третира своите две момчиња како еднакви и покрај неизбежната хиерархија која владела во палатата.
Говорејќи во документарецот, поранешниот кралски батлер Пол Барел тврди дека Дијана никогаш не ги третирала своите синови поинаку. „Тие секогаш беа исти, секогаш беа нејзини момчиња“.

„Хари отсекогаш знаеше дека на неговиот брат му е судено да биде крал“, вели тој.
Според Барел, помеѓу браќата резултирала со тоа дека Хари сугерирал дека тој ќе го преземе престолот ако Вилијам не може – идеја што нивната мајка Дијана се чини дека ја поддржувала.

„Всушност, еден ден момчињата имаа голема расправија, а Вилијам удираше со нозете и викаше:„Не сакам да бидам крал!““

„Ако тоа не го направиш, јас ќе бидам место тебе“, бил одговорот на Хари. „Неговата мајка сметаше дека тоа е многу забавно. Таа рече дека Хари е добра идеја. Ти ќе станеш одличен крал“, вели Барел.

Кралскиот дописник и автор Роберт Џобсон во истиот документарец посочил дека Дијана била толку загреана Хари да стана крал, што дури имала и посебен прекар за својот помал син.

„Таа кон Хари се однесуваше како GKH (скратено од Good king Harry – Добриот крал Хари), бидејќи мислеше дека во иднина ќе биде подобро подготвен за улогата отколку Вилијам.“

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...