Принцезата Беатрис се мажи за милионер кој ги напуштил свршеницата и синот

Беатрис и нејзиниот избраник се свршиле минатата недела на патување во Италија, а принцезата добила прекрасен дијамантски прстен.

2295

Бакингемската палата објави вчера дека принцезата Беатрис (31) од Јорк ќе се мажи за тајкунот Едоард Мапели Моци (36). Нејзиниот татко, принцот Ендрју и мајката Сара Фергусон се радуваат на венчавката на нивната постари ќерка која ќе се одржи следната година, пишуваат британските медиуми.

Беатрис и нејзиниот избраник се свршиле минатата недела на патување во Италија, а принцезата добила прекрасен дијамантски прстен.

Моци зад себе има неколку сериозни врски. Toj беше во вонбрачна заедница со Дара Хуанг, Американка со кинеско потекло, со која има двегодишен син Кристофер. Некои конзервативни Британци се прашуваат дали идниот член на кралското семејство ќе го донесе и својот син на венчавката.

Eдоардо ја остави својата поранешна љубов, архитектката Дарин Хуанг ненадејно и без објаснување, точно во моментот кога таблоидите открија дека ја започнал врската со принцезата.

Неговиот син Кристофер, кого разгалено го нарекуваат Волфи, живее со својата мајка, но редовно го гледа татка си. Мајката на Дарин, Лили, им открила на таблоидите дека е шокирана што Едоардо толку брзо решил да се ожени со друга жена, а пред само 13 месеци се колнел на вечна љубов кон нејзината ќерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...