Примерните затвореници во Шутка ќе организираат и посетуваат уметнички настани

224

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и директорот на КПУ Затвор Скопје во Шуто Оризари Ѓоко Котевски ќе потпишат меморандум за соработка со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно – уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани.

Мерките предвидуваат посета на културноументички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање работилници и културно-уметнички настани во затворот од осудениците и со гости уметници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...